
Пелистер направи нов кикс откако во рамки на 9. коло од Втората македонска фудбалска лига одигра 1:1 против Арсими на гостувањето во тетовска Голема Речица.
Ваквиот резултат воопшто не му одговара на Пелистер кој сега се сушти дури на четвртото место на табелата. По ремито со Скопје пред репрезентативната пауза, битолчани одново ремизираа овој пат против Арсими на гостински терен.
Освоениот бод не е доволен за Пелистер во борбата за директен пласман во Првата лига, бидејќи конкурентите за местата кои водат во ПМФЛ забележаа позитивни резултати.
Пелистер преку Симеон Христов во 25. минута стигна до водство од 0:1 и тоа водство го имаше се до 70. минута кога Енсар Љума постигна гол за израмнување на 1:1 и воедно поставување на овој резултат за конечен.
Детонит Плачковица забележа убедлива победа од 3:0 над Осогово и со тоа се проби на второто место на табелата со три бода негатива во однос на лидерот Беса. Домаќинот ја имаше улогата на фаворит и истата беше оправдата со сигурена победа на Градскиот стадион во Радовиш.
Иван Настевски во судиското надополнување на првиот дел со гол од пенал го отвори Осогово за водство од 1:0 на паузата. Во вториот дел борбата за трите бодови продолжи, „жетварите“ сакаа гол за израмнување и враќање во игра за целиот „плен“, но домаќинот кој беше расположен преку Стефан Бабунски во 70. минута зголеми на 2:0 со што Детонит Плачковица во финишот влезе релаксирано и без притисок.
Осум минути подоцна Настевски со втор гол ги постави конечните 3:0 и го испрати Осогово за Кочани со празни раце, откако трите бодови останаа во Радовиш. За Детонит Плачковица овој триумф е повеќе од важен бидејќи Пелистер ремизираше со Арсими, па така радовишани се пробиваат на второто место на табелата и сериозно напаѓаат за историски пласман во фудбалската „елита“ на Македонија.
Лидерот Беса гостуваше на „Железарница“ во Автокоманда каде одигра „нула“ (0:0) против ланскиот прволигаш Скопје. Ваквиот резултат не оди во прилог можеби и на двете екипи во остварувањето на нивните цели. „Пиратите“ се на долниот дел од табелата и барем засега водат борба за бегство од долниот дел на табелата и прогрес кон средината од табелата со цел да не водат тешка борба за опстанок, од друга страна Беса останува лидер но сега со намалена предност од само три бодови во однос на Детонит Плачковица и Охрид кои го делат второто место со по 19 бодови на табелата.
Трката за Прва лига се вжештува и станува се понеизвесна и посериозна, а од оваа коло можеби најголем губитник е Пелистер, бидејќи сега е на четвртото место и ќе мора да се консолидира и да извлече триумф токму во следното коло кога ќе гостува кај Охрид во директно дерби со конкурентот за Прва лига.