Партнерствата и соработките клучен сегмент за усовршување на образованието, УГД одбележа 18 години

Партнерствата и соработките клучен сегменет за усовршување – денеска во Мултимедијалниот центар на УГД Штип се одржа настанот 18 години УГД – партнерства и соработки. Настанот беше по повод 18 години од постоењето на универзитетот, а целта промоција на партнерствата и соработките солокалната заедница, бизнис секторот и меѓународните институции.

„Би сакале да ја пренесеме пораката до сите членови дека тоа е можност да работиме заедно, да се усовршуваме. Ние може да учиме од реалниот сектор исто како тие што можат да ги користат знаењето кое го има УГД. И ова е целта на овој денешен настан, дека партнерството и соработката се основа за равој“ – вели Мираковски.

Развојот на универзитетот значи и развој на градот, вели градоначалникот Иван Јорданов, нагласувајќи ја 18 годишната соработка. Образованието е клучен фактор за движење на процесите напред, додаде Јорданов, истакнувајќи дека соработка ќе продолжи и во иднина.

„Универзитетот и соработката која ја имаме воспоставено сите овие 18 години не значи само јакнење на локалната економија, тулку преност на знаење кој се врши во нашиот град е многу значајно за да продолжат процесите во сите сегменти на општеството да се развиваат.“ – вели Јорданов.

Заедничката соработка доведува до полесно остварување на целите. Од бизнис секторот потврдуваат дека преку соработката се овозможува студентите своето теоретско знаење да го применат во пракса, работејќи конкретно на даден производ. На ваков начин спридобивки имаат и двете страни.

„Тој вид на соработка до сега беше во вид на летно практиканство, докторски студии, специјалистички студии, размена на знаење, работа на заеднички проекти.“ – вели Лазова.

На денешниот настан се одржаа три панел дискусии: УГД и локалната заедница, УГД и бизнис секторот и Меѓународната соработка на УГД.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет