Панче Стојанов е нов тренер на второлигашот Беласица

ФОТО: ФК АП Брера

Второлигашот Беласица веднаш реагираше по оставката на досегашниот тренер Александар Стојанов и го назначи новиот тренер кој ќе го води тимот од Струмица.

Се работи за Панче Стојанов кој ќе биде нов шеф на стручниот штаб на Беласица, а се работи за тренер кој е добро познат на македонската фудбалска јавност. Стојанов како тренер ја водеше некогашната Академија Панев, а во поново време беше помошен тренер, но и шеф на стручниот штаб на АП Брера.

Во својата играчка кариера Панче Стојанов настапуваше за Беласица, Силекс, Ренова, Хоризонт Турново, Работнички.

Од клубот му посакаа топло добредојде на Панче Стојанов посакувајќи му многу среќа и успеси.

Беласица е трета со 16 бодови, четири помалку од Брегалница и Шкендија Арачиново кои го делат првото место, а струмичани целат кон враќање во Првата лига.

Оставката на досегашниот тренер Александар Стојанов следуваше по двата поразни во низа од Шкендија Арачиново на домашен терен и во гости од Осогово во Кочани.

Александар Ванев, М Нет