
Боксерите на Пинк Пантер од Штип под водство на искусниот Петар Чурлиновски доминираа во рамки на 4. коло од екипното првенство кое се одржуваше во Тетово.
Доминација со одлични борби во рингот за штипските боксери, кои со прикажаната техника и физичка подготвеност од шестте боксери кои настапија дури пет забележаа победи.
Триумф забележаа Езел Шабан, Марко Чурлиновски, Кристијан Штрков, Зулиќар Бајрам и Александар Панов, а пак Владимир Секндерски загуби во една рамноправна борба во која прикажа одлична техника, но сепак немаше среќа за триумф.
Со освоени 13 бодови од ова коло, штипските Пинк Пантери се зацврстија на третото место од табелата на македонската младинска лига. Исто така, да напоменеме дека штипските пантери водат на првото место на табелат апосле двете кола од Опен Балкан лигата на Олимписки надежи, што се должи на континуирана, стручна и системска работа која се работи во штипскиот клуб.
Следен предизвик за Пинк Пантер ќе биде во период од 16 до 26 октомври годинава, кога Иса Бајрам ќе земе учество на Европското првнество во Будва во новоформираната Европска Асоцијација.
Со темелна, системска работа боксерите на Пинк Пантер од Штип бележат одлични и големи резултати не само во Македонија, туку и во Европа.
Александар Ванев, М-Нет