
Последниот пазар од месец септември во Штип резервиран за производи пред се за подготовка за туршија. Цените без промени велат продавачите и ако истите очекуваат нивно намалување до наредниот петок. Најмногу се бара пиперот, корнишони, моркови. Пред објективот на нашата камера истакнаа дека побарувачка нема многу, но задоволни се и од ваквата ситуација.
„ Малку послабо ама задоволни сме како што велат старите па е добро до некаде. Цените се исти“
Според купувачите пак овој петок цените се пристојни на пазарот во Штип, односно граѓаните може да си дозоволат да си ги обезбедат потребните продукти за туршија.
„Пазарот одлично е, добро е, не е многу скап. Да ние си купивме производи за туршија по 30 денари, фалат само патлиџани“
И додека од една страна пазарот денеска задоволителен со цени производи и побарувачка, од друга страна пријавен е и еден немил настан вчера. Имено, регистриран е физички напад информираат од СВР Штип. Впрочем,На 23.09.2021 во 12.10 часот во СВР Штип, било пријавено дека на градскиот пазар на ул„Сутјеска“ во Штип, две лица физички го нападнале Р.С.(67) од с.Долно Каласлари, велешко и му го одзеле паричникот, при што му нанеле повреда. За настанот запознаен е Јавен обвинител и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.
Лаура Стојанова М-Нет