
Официјално Ване Крстевски е нов играч на Шкендија, откако денес ги помина лекарските прегледи и стави потпис на договор со тетовскиот прволигаш.
Брера за штипјанецот добива отштета од 100.000 евра!
Eден од најдобрите млади офанзивци во Првата македонска фудбалска лига и актуелен младински репрезентативец беше член на Брера Струмица повеќе од 6 години, а потекнува од школата на Академија Постолов-Пандев од Штип каде што ги направи првите почетоци од неговата фудбалска кариера.
Прв тренер на Крстевски му беше Борче Постолов, тренер кој моментално сега е координатор на младинската школа на Брера Струмица.
Александар Ванев, М-Нет