Откуп на ориз се уште нема, оризарите чекаат прифатлива цена од страна на откупувачите

Откуп на ориз се уште нема, а оризарите оставени во лоша состојба. Велат во периодот кога најмногу треба да се продава оризот, односно во месеците декември и јануари, откуп нема, па ситуацијата е аларманта. Над 20 илјади тони оризова арпа стои во амбарите, а тие чекаат пристпана цена и добра волја од страна на откупувачите за да можат да го продадат својот ориз.

„Некаде околу 24 илјади тони имаме оризова арпа. Од тие ние сметаме дека 40% се откупени, ама со тие 40% се и реколтата од 2022, 2023 и 2024 година што е останато така да скоро и да нема откупен ориз. Оризот најмногу се продава декември и јануари, овие месеци ги испуштивме и ќе бидеме во многу тешка состојба.“ – вели Максимов.

Иако се задоволни од новата мерка на Владата, како и од фактот дека за првпат им се исплатени субвенции, велат дека не е добра ситуацијата со оризопориводството. Долговите во аптеките и институциите стои, бидејќи оризовата арпа не е откупена и немаат пари да се раздолжат.

„Со оваа динамика на откуп мислам дека 50% од реколтата 2024 ќе остане. И овде е најголемиот проблем.“ – вели Арсов.

„Сѐ уште ситуацијата не е добра со оризопроизводството бидејќи немаме откуп како што треба да биде. Откупот е многу мал всушност и нема откуп. Јас сметам дека треба да се држат до производната цена“ – вели Ташков.

Оризарите од кочанско изминатиот период остварија средба со министерот Трипуновски со цел да се најде решение за откупот на ориз. Ќе почне да се купува и за стоковите резерви со што се очекува да се намали количината оризова арпа која сега стои во амбарите.

Лаура Стојанова М-Нет