
Без законски допирни точки, но со висок степен на интеракција, денеска по 20тина дена откако д-р. Николов е градоначалник на Општина Штип, се одржа средба со бизнис секторот, односно оние кои директно се вклучени во процесот на вработување, давање плата на граѓаните како и даноци на Општина Штип на крајот од годината. Градот под Исарот на секаков начин е зависен од бизнис секторот бидејќи истиот дејствува во овој град, па соработката е взаемна.
„Денеска направивме една средба со мал дел од бизнис секторот во согласност со протоколите за заштита од Ковид – 19, со цел да направиме едно Советодавно тело за економски и бизнис прашања, ќе се среќаваме едншка во месецот и ќе дискутираме за теми и идеи кои тие ги имаат но и моите видувања“ – истакна Николов.
Денешната средба беше фокусирана на меѓусебно запознавање, на идеите кои ги имаат сопствениците на бизнис секторот од една страна, и идеите на градоначалникот каде треба да биде Штип во иднина од друга страна.
Идејата е за поздравување, бидејќи со заедничките идеи, предлози и планови се помага за Штип да биде главен центар во Источниот дел на државата. Советодавното тело нема да брои одредена група на членови односно постојано ќе се зголемува бројот на членства, и се очекува во блиска иднина почнувајќи од денеска Штип да биде подобро место за живеење.
Лаура Стојанова М-Нет