
Бројот на новозаболени од Ковид 19 полека се намалува, а се зголемува бројот на оздравени пациенти како на ниво на државата така и во Општина Штип. Според Институтот за јавно здравје од 11 до 17 јануари биле тестирани вкупно 14.111лица со зголемување од 8,4% во однос на мината недела. Процентот на позитивни лица во просек е околу 16% што значи има намалување за 3% во споредба со мината недела. Најзастапена старосна група на заболени се лица на возраст над 60 години, а најмала кај децата од 0 до 9 години. Во изминатото деноноќие на ниво на Општина Штип, има примено 2 нови случаи со корона вирусот, а испишани се 3 пациенти. Во Клиничката болница Штип има 27 хоспитализирани пациенти 17 на кислородна поддршка, а починати лица нема. Слободни се 31 кревет. Од почетокот на пандемијата во нашата држава, вкупната бројка на ковид дијагностицирани изнесува 89392, бројката на оздравени пациенти е 73983, на починати е 2726, а бројот на активни случаи изнесува 12683. Во Штип вкупната бројка е 3443, а активни 178.
Лаура Стојанова М-Нет