
Оваа сезона екипата на Осогово игра допадлив фудбал што го потврдува низ резултатите кои ги има тимот од Кочани. По 23 одиграни кола „жетварите“ го имаат петтото место на табелата со 43 бодови, само два помалку од петтопласираната Беласица, а токму Осогово ќе цели да го напаѓа петтото место и сезоната да се заврши што повисоко на табелата.
Ако во изминатите сезони второлигашот од Кочани постојано беше на дното од табелата и водеше жилава борба за опстанок, а минатата сезона дури играше и бараж со Шкендија Арачиново кој го загуби, но потоа преку ждрепка имаше среќа да остане во Втора лига, сега Осогово игра одличен фудбал за што потврда се полните трибини и поддршката од верните „сејмени“ кои даваат поддршка и на гостински терен.
Под водство на Крсте Крстев оваа сезона Осогово забележа 13 победи, имаше четири ремија и шест порази, а веќе в сабота ќе игра против Шкендија Арачиново на домашен терен. Сега бодови на Шкендија Арачиново и се повеќе од потребни за влез во Прва лига, но во Кочани нема така лесно бодови, тука лидерот Охрид загуби, а Осогово среде Штип ја совлада и Брегалница, во Радовиш пак го резултатски убедливо го доби Детонит Плачковица, што е потврда за одличната форма на Осогово пред мечот со тимот од Арачиново.
Александар Ванев, М-Нет