
Кошаркарките на Патриот од Делчево утре гостуваат во Неготино каде ќе се соочат со екипата на Спорт Тим. Гостинот од Делчево има голема предност во однос на домаќинот од Неготино и во случај на победа, извесно кошаркарките од Делчево ќе го потврдат опстанокот во оваа конкуренција.
Овој меч кој се игра во салата „Младост“ во Неготино ќе започне во 19 часот, а еден час подоцна Бадел ќе игра дерби со Вардар за потврда на третото место.
Колото се затвара во четврток со натпреварот меѓу Крива Паланка и Пробаскет, каде лидерот е голем фаворит.
Инаку, на воведниот меч актуелниот шампион Баскет Кам со 58:44 славеше над МЗТ Бела Вода.
Александар Ванев, М-Нет