Оружје, фотографии, свидетелства, низа експонати изложени во Историската поставка во штипскиот музеј

Оружје, оргинални фотографии, свидетелства меѓу кои и свидетелството со оргиналниот потпис на Гоце Делчев, првата униформа на АРМ, монети, банкноти, печати се само дел од изложените експонати во Историската поставка која е отворена во НУ Завод и Музеј Штип. Повеќе од 13 години штипјани, но и странски посетители имаат можност да ја посетат и да се запознаат со историјата на државата.

„Голем интерес кај штипјани, ама и кај странски посетители предизвикува Историска поставка. Таа е отворена на 21 декември 2011 година. Содржи повеќе од 1000 вредни експонати од коишто околу 500 се оригинални фотографии. Сите фотографии се изложени на паноа, обработени и имаме 38 ветрини. Во нив се изложени предмети, најмногу имаме оружје. Најстарите парчиња оружје се од Осмалискиот период, имаме оружје од Илинденскиот период, Балканските војни, Првата и Втората свестска војна. Покрај оружје имаме изложени документи, свидетелства, како и свидетеслството каде може да се види оргиналниот потпис на Гоце Делчев.“ – вели Коруновска.

Поставката е по хронолошки концепт и се обработени 20 века од историјата на Штип. Започнува од првото споменување на градот Штип, а завршува со повоениот период изградбата на Штип, односно конечно завршува до 1991 година, 8 септември кога е одржан Референдум за независност на државата.

„Продолжуваме средновековието, посебен акцент се става на Брегалничката мисија на браќата Кирил и Методиј. Понатаму доаѓањето на Османлиите како се менува физички и изгледот на нашиот град, се градат типично муслимански објекти, овде би ја споменала Саат кулата, Безистенот. Посебен акцент даваме на образованието во нашиот град, кога е отворено првото училиште, тоа е во дворот на црквата Свети Никола.“ – додава Коруновска.

Оргиналните фотографии и оружјето се најинтересни за посетителите кои најчесто се странци. Каратата за влез е симболична и достапна за секого.

Во меѓувреме се работи на отворање витрина со личните работи на Славјанка Влахчева, првата медицинска сестра од Штип.

Лаура Стојанова М-Нет