Општина Штип издвои 12 милиони денари за ЈП Исар, претпријатието набави три половни возила

Три половни возила набави ЈП Исар со средства издвоени од страна на Општина Штип. Станува збор за три половни возила, кои се од големо значење за потребите на претпријатието и со помош на кои ќе се подобрат условите за работа. Општина Штип издвои 12 милиони денари од Буџетот на оппштината за возилата на ЈП Исар.

„Со овие овие средства јавното претпријатие набавува половен камион за вода, односно цистерна за миење на улици, половен камион за чистење на улици и половен камион за вакум – каналџет. Со овие возила ќе се подобри работата и ефикасноста на ЈП Исар„ – вели Шорова-Ангелова.

Трите возила веќе се во кругот на ЈП Исар. Како што истакна директорот на претпријатието Александар Арсовски, овие возила ќе ја подобрат работата, но не се доволни. Затоа во наредниот период ќе се набават и нови специјализирани возила.

„Возилата пристигнаа во стпанскиот круг на ЈП Исар. Истата постапка е спроведена, најтранспарентно бидејќи е предвидена во планот за јавни набавки на ЈП Исар и за тоа ние имаме предвидено и финансиски средства. Само овие возила не се доволни да се модернизира или да се подобрат условите за граѓаните па затоа веќе почнуваме постапка за набавка и за некои други специјализирани возила, конкретно возила за собирање и одлагање на комунален отпад.“ – вели Арсовски.

Возилата кои се во кругот на претпријатието се веќе со штипски регистерски ознаки и истите во наредниот период ќе почнат да се коирстат.

Лаура Стојанова М-Нет