
Повеќе од 30 години одгледувањето на кактуси и сокулетни е вистинската љубов на Васил Димитриевски од Штип. Се започнува со подрок кактус за сопругата на господинот Васил, и оттогаш до денес тој само ја зголемува својата палета на разни кактуси и сокуленти. Со посебно ѓубре, алатки и многу посветеност во неговиот двор можат да се забелажат над 200 видови кактуси.
Кактусот во Европа се појавил пред компирот вели Димитриевски. Условите за одгледувањена кактуси во нашиот крај се поинакви, но кактусите и сокулентите се приспособливи растенија. Димитриевски ни ја истакна разликата меѓу нив, но и начинот на одгледување.
„Кактусите се повеќе дрвенасти и телото на кактусот е изразито со поголеми боцки, јаки кои некогаш знаат да бидат и болни ако ги допреме. Сокулентите се повеќе налиснасти и понежни, со што може да си дозволиме да ги допреме“ – кажа Димитриевски.
Најстариот кактус кој можеше да се забележи во дворот на Васил е повеќе од три децении присутен овде и висок е некаде околу три метри висина. Сите кактуси треба да пуштат цветови и поголемиот дел од достапните кактуси кај Димитривски цветаат. Тој не ги продава овие растенија, туку на начинот на кој дошол првиот кактус кај него како подарок така и тој ги подарува.
Лаура Стојанова М-Нет