
Додека траат жетвените активности во просек по два пожарни дневно се пријавуваат и регистрираат во Територијалната противпожарна единица Штип. Командирот Тони Атанасов вели прична е застарената техника, но и намерното палење на стрништата.
Дел од земјоделците сметаат дека со палењето на земјоделските остаотци и стрништа се прави добро, но агрономот Васко Златковски го посочува токму спротивното, истакнувајќи ја вистинската штета од запалените површини.
Во кочанскиот регион пред две недели беа доделени десетина решенија на земјоделци кои добиле комбајн со сецкалка, но тоа не ги спречи земјоделците да се одвикнат од навиката за палење на стрништа. Освен во Карбинци минатата недела 30 хектари површина гореа и во кочанско.
Лаура Стојанова М-Нет