
Ја отворил решетката која ги поврзува халата со дупката, се симнал во дупката за да го провери шиберот, кој го повлекува течното ѓубриво од халата кон дупката и починал. Ова се привичните информации по несреќата во свињарската фарма во светиниколско Амзабегово, каде почина 45 годишен работник. Тој на местото на несреќата бил со својот колега на возраст од 53 години. Тој се обидел да му помогне, но бил повлечен од други негови колеги па заврпил на Клиниката за токсикологија. Според првичните информации има оштетување на мозокот, но колкави ќе се знаат по компјутерската томографија. На лице место во фармата излегоа од Државниот трудов инспекторат од каде се изврши увид, но се чека целосната соодветна документација од страна на работодавалот, по што ќе се излезе со точни информации за јавност.
„Од самиот увид утврди дека е случена несреќа при работа со фатална поседица за еден од работниците, а другиот работник е со потешки повреди. За време на надзорот од страна на работодавачот не е презентирана соодветната документација, врз основа на која би се утврдила целокупната фактичка состојба од страна на инспекторите е задолжено работодавачот во текот на денешниот ден да ја презентира на увид потребната документација и по утрвдување на истата Државниот инспекторат ќе излезе во јавноста со целосна информација за настанот“ – вели Томовска.
Томовска посочува дека по утврдување и разгледување на документацијата ДИТ ќе излезе и ќе го презентира случајот на јавноста. Од каков гас починал работникот О.Т, а неговиот колега С.Ј се бори за живот на Клиниката за токсикологија треба да утврди обудкцијата на починатиот работник. Пријавта во СВР-Штип е во 11.01 минута, а несреќата се случилa околу 10.30 во свињарска фарма во Амзабегово.
Лаура Стојанова М-Нет