Просториите подготвени, се чека зелено светло од МТСП за старт на воспитно – згрижувачкиот процес во градинката во Три чешми

Неколку простории во подрачното Основно училиште „Гоце Делчев“ во Три Чешми се преадаптирани за воспитно згрижувачки процес. Триесетина дечиња од оваа населба, за предучилишна возраст ќе бидат згрижени овде, во новиот клон во склоп на детската градинка „Вера Циривири Трена“. Адаптацијата на просториите Општина Штип ја чинеше еден ипол милион денари, за промена на санитарни јазли, обезбедување на соодветна детска опрема и услови за згрижување на најмалите.

„Во изминатиот период се работеше на адаптирање на неколку простории во рамки на ОУ Гоце Делчев, преку градинката Вера Циривири Трена. Ова е нов клон кој ќе биде отворен во склоп на градинката, веќе се опремени просториите каде треба да се врши воспитно – згрижувачкиот процес. Се направи и анкетирање на семејствата во Три чешми, околу триесетина дечиња имаат потреба од воспитно – згрижувачки процес овде“ – вели Јорданов.

Во најбрз рок се очекува да почне со работа адаптираната детска градинка и процесот на згрижување на децаата. Но, дотогаш треба одобрение за варботување на три лица, а групата ќе биде хетерогена за деца од 2 до 6 години.

„15 дечиња, односно 15 барања имаме, тоа е реално и согласно нормативите во ред, но согласно анкетираните родители очекуваме да се зголеми бројот за уште неколку. За оваа, станува збор за хетерогена група од 2 до 6 години и се потребни воспитувач, неговател и едно помошно – техничко лице.“ – вели Ангеличкова.

Ангелочкова ги охрабри родителите од оваа населба да поденуваат барања до управата на градинката за нивните деца да можат да бидат згрижени овде. Вели дека додека да се даде зелено светло за градинката во Три чешми дечињата ќе останат згрижени во градинката во која се наоѓаат моментално.

„Во врска со родителите ги охрабрувам да дојдат во управата на градинката и да го поднесат барањето за потреба од градинка со тоа што знаеме дека има дечиња кои се згрижени кај нас и во другата градинка, но тоа не значи дека ќе бидат моментално отпишани од градинка, туку нас ни е потребно административниот дел за да излеземе со конкретна бројка на дечиња“ – додава Ангеличкова.

За старт на воспитно згрижувачкиот процес потребно е согласно од Министерството за труд и социјална политика за отворање на клонот, како и за вработување на соодветниот кадар.

Лаура Стојанова М-Нет