
Програмата на М-Нет телевизија од денес достапна и на кабелскиот оператор А1 Македонија на позиција 991. Со ова се проширува дијапазонот на достапноста за гледачите, односно постои можност нашата програма да ја следи поголем аудиториум. Содржините кои ги креира тимот на М-Нет телевизија до овој момент се достапни за граѓаните од 11 општини во Источниот дел од државата. Истовремено, најсвежи информации објавуваме и на социјалните мрежи, како и на веб страната mnet.mk. На поразличен начин ги доловуваме актуелните информации и теми за гледачите со идеја и концепт – правилно и навремено да бидат информирани. Различни содржини, точни, навремени и брзи информации се нашиот таргет. Забавни програми, репортажи, стории, интервјуа, деманти, анализи и тв дуели се дел од програмската содржина на М-Нет телевизија. Во етер програмата ја нудиме од 1 октомври 2020 година на повеќе кабелски оператори, а од денес и на А1 Македонија, кој емитува во Штип, Кочани, Чешиново-Облешево и Зрновци.
Ребека Спасова МНет