Од денеска уште 10 нови кревети за болните од Ковид – 19 во Штип

Oд денеска Кожното одделение во Штип ќе прима лица болни од Ковид 19, откако претходно веќе се наполни Инфективното одделение кое располагаше со 54 кревети. Моментално има обезбедено уште дополнители 10 кревети кои ќе бидат достапни за лицата болни од корона вирусот. Директорот на Клиничката болница Штип, д-р Ален Горгиев, во изјава кажа дека на Кожното одделение ќе се примаат само пациентите со полесна клиничка слика, за потешките случаеви да останат на Инфективно. Во последните неколку дена бројот на лица позитивни од Ковид – 19, како во земјата така конкретно и во Штип постојано расте. Ова не е прво распоредување на болните од Ковид на други одделенија. Во првиот бран, болните беа префрлени на Кожното и Нервното одделение кои се наоѓаат во иста зграда со Инфективното одделение. Бројот на активни случаеви со Ковид-19 во Штип е околу 300 лица.

Лаура Стојанова М-Нет