
Локалната самоуправа во Штип, како и администрацијата со ново работно време. Заради заштита на граѓаните од ширење на корона вирусот во општина Штип ќе се работи во две смени. Првата смена ќе започнува во 7:30 до 13:30, а втората од 13:30 до 18:30. И покрај смената на работното време, застој во работата нема да има, односно ќе бидат покриени сите дневни активности. Оваа одлука е донесена со цел зачувување на здравјето на граѓаните во Штип, и не е единствена одлука со ваков карактер. Претходно двосменско работење за администрацијата е донесено и во Делчево и Проштип, додека пак во Македонска Каменица административците ќе работат во две групи од 07:30 до 15:30 без користење на дневна пауза.
Лаура Стојанова М-Нет
Игор Зиврев М-Нет