
Одржан традиционалниот есенски фестивал во Основното училиште „Славчо Стојменски“ во Виница. Настанот беше збогатен со боите, мирисот и вкусот на есената. Истиот привлече голем број гости од Виница, околните населени места, како и од училишта од други општини, кои уживаа во богатата програма, вкусните јадења, бројните игри, награди и рачно изработени украси. Фестивалот помина во исклучително весела атмосфера, со многу детска смеа, музика и дружење. Имаше и специјален гостин којприреди незаборавно шоу – полно со хумор, жонглирање, циркуски елементи и заразна енергија – внесе вистинска магија во денот! Настанот уште еднаш докажа дека училишната заедница во Виница знае како да создаде радост, креативност и заедништво, а насмевките на лицата на учениците се најдобриот показател дека Есенскиот фестивал беше вистински успех!
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет