
Во завршна фаза е проектот за осветлување на кејот на Козјачка река во Општина Карбинци. Станува збор за проект добиен од повикот од унгарскиот кредит, во износ од над два милиони денари. Проектот треба да биде завршен деновиве, а во наредниот период ќе започне и уредувањето на коритото на Козјачка река.
„Се работи за осветлување на кејот на Козјачка река односно на патеката во село Карбинци. Ова е проект кој е поддржан од Владата, од вториот повик од унгарскиот кредит. Очекувам деновиве да биде комплетирано целото ова осветлување. Ова ќе значи дополнителни можности за рекреација покрај кејот. Набрзо ќе започне и чистењето на самото речно корито.“ – вели Паунов.
Од вториот повик Општина Карбинци доби четири поректи за подобрување на условите во сите населени места. Од нив два се речиси целосно завршени, а останатите два се во завршна фаза.
„Од оној втор повик два проекти се речиси целосно завршени, а два се во завршна фаза. Се работи на улица во село Таринци, како и на каналот Герен во село Долни Балван“ – додава Паунов.
Во меѓувреме се работи и на неколку останати локации во Општина Карбинци со цел подобри услови за живот на граѓаните во сите населени места.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет