Одобрени средства за уредување на влезот во Штип, од унгарскиот кредит ќе се реализираат уште пет проекти

Одобрен Буџетот потребен за реконструкција на влезот на Штип. Станува збор за проект со кој ќе се уреди булеварот на влезот во Штип, кај клучката кај приградскаата населба Три Чешми, со нов кружен тек. Овој проект се финансира од страна на државата, преку унгарскиот кредит, а ќе биде кофинансиран од страна на Општина Штип. Договорите за проекти од вториот повик на Влада се потпишани претходната недела

„Вкупниот планиран Буџет изнесува 194 милиони денари, а финансиското учество на Општина Штип би требало да изнесува околу 17 милиони денари.“ – вели Илиев.

Освен овој проект, општина Штип на вториот повик на Влада аплицираше со уште пет проекти. Ќе се работи на булеварот Партизанска, ќе се воспостави СКАДА системот преку кој ЈП Исар ќе ги регулира загубите на вода. Парково и хориткултурно ќе се уреди просторот кај бања Кежовица, а ќе се работи и на поврзување на улиците Тодор Коларов и Мирче Ацев. Во проектите кои треба да се реалзиираат во наредниот период, а ќе бидат финансирани од страна на државата е и реставрација на тврдината Исар.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет