
На 08.02.2026 во 01:50 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода М.И.(23) од с.Карбинци, општина Карбинци. При контрола во сообраќајот на ул.„Стево Теодосиевски“, полициски службеници запреле патничко возило „бмв“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.И. и по извршени проверки било констатирано дека го управувал возилото со активна забрана за управување со моторно возило од Б категорија.
На 07.02.2026 во 22:20 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода М.С.(22) од с.Тркање, кочанско. При контрола во сообраќајот на ул.„Стево Теодосиевски“, полициски службеници запреле патничко возило „фолксваген голф“ со кочански регистарски ознаки, управувано од М.С. и по извршени проверки било констатирано дека го управувал возилото без да поседува возачка дозвола.
На 07.02.2026 во 14:10 чaсот во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода Н.Т.(36) од с.Тработивиште, делчевско. При контрола во сообраќајот на бул.„Македонија“, полициски службеници запреле патничко возило „југо“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од Н.Т. и по извршени проверки било констатирано дека го управувал возилото без да поседува возачка дозвола.
На 07.02.2026 во 21:57 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода М.А.(39) од с.Горни Балван, општина Карбинци. При контрола во сообраќајот на регионален пат село Радање – село Карбинци, полициски службеници запреле патничко возило „даеву ланос “ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.А. и по извршени проверки било констатирано дека го управувал возилото без да поседува возачка дозвола.
По насоки на јавен обвинител, лицата се лишени од слобода, а возилата одземени и по целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави.