Одбележана 80 годишнината од бомбадирањето на Штип

Одбележана 80 годишнината од бомбадирањето на Штип, кога на 6 ти април 1941 година, рано изутрина месното население било нападанато, голем број граѓани ги изгубиле своите животи, кога со крв се наполнило коритото на река Отиња.

Според кажувањата од очевидци, коритото на река Отиња било преплавено од загинати и ранети борци. Половина час по првото се извршило и второт бомбадирање.

Тоа што се случило на тој кобен 6 ти април 1941 година, кога голем број семејства изгубиле свој близок да не се повтори, порача градоначалникот на Штип, Сашко Николов.

Со едно минутно молчење и читање рецитал, им се одаде почит на загинатаите борци. Делегации, здруженија и пријатели положија свежо цвеќе.

Лаура Стојанова М-Нет