Бројката на ковид заразени во Штип највисока од почетокот на пандемијата

Критична состојбата во Клиничката болница Штип. Модуларната ковид болница без слободно место, а овде се лекуваат пациенти со потешка клиничка слика, бидејќи има централен довод на кислород. Слободни се само 5 кревети за ковид пациентите на Инфективното одделение, но без можност за кислородна поддршка. Во Клиничката болница Штип хоспитализирани се 93 ковид пацинети, што е најголема бројка на ковид пацинети од почетокот на пандемијата. Во модуларната ковид болница сместени се 46 пациенти, а на Инфективното одделениe 47. Состојбата е алармантна бидејќи поголем број од ковид пациентите се зависни од кислородна поддршка. Во претходниот ковид бран се трошеа по 500 литри кислород, сегашната ситуација е сосем поинаква, па дневно се трошат по 800 литри кислород . Од Клиничката болница Штип, апелираат да се почитуваат мерките и протоколите за заштита од ковид 19, но и доколку имате потреба од медицинска помош тоа да го сторите навремено, а не откако ситуацијата ќе биде премногну влошена.

Лаура Стојанова М-Нет