Обезбедени се средства за довршување на филтер-станиците во Штип и Карбици

Министерот за финансии Фатмир Бесими посочи дека во тек на комисиската расправа се направени и повеќе дополнувања на ребалансот со кои се обезбедувааат средства за проекти како водоснабдување и филтер станици во повеќе населени места.

„ Направивме дополнувања на ребалансот по основ на усвоените амандмани. Обезбедивме финансиска поддршка од 6.000 ден.  за децата без родители. Обезбедивме средства за мапирање за стратешки индустриски сектори во регионот на Охрид. Обезбедивме средства за изградба на дел од третиот крак за водоснабдителен систем во село Липково и водоснабдување во Мала Речица, средства за довршување на филтер-станиците во Штип и Карбици, средства за реставрација на мост во село Уланци и дополнителни средства за одржување на архелолошките локалитети, како и средства за организација на резервни офицери“ – посочи министерот за финансии Фатмир Бесими на расправата за ребалансот на Пленарната седница на Собрание.

Министерот за финансии посочи дека со ребалансот на буџетот се обезбедуваат средства за четвртиот пакет на антикризни, како и дека стотици илјади на граѓани како и десетици илјади фирми, го очекуваат донесувањто на ребалансот за да може да се ефектуираат мерките.