Ноќва започнува летното сметање на времето, стрелките ќе се поместат за еден час напред

Ноќва ќе ги поместиме часовниците за еден час на напред, започнува летното сметање на времето. Преминувањето на летно сметање на времето ќе се изврши оваа ноќ кон недела 31 март, со поместување на часовникот од 02:00 до 03:00 часот. За промената, анкетираните граѓаните не се согласни. Велат дека промените ќе предизвикат промени во нивната здравствена ситуација.

Имаше и такви, кој се согласни за менувањето. Истакнуваат дека на овој начин денот ќе биде по долг.

Во согласност со ситуацијата, Менувањето на часовникот се случува двапати годишно – последниот викенд во март се префрламе на летно сметање на времето, додека последниот викенд во октомври започнува зимското сметање на времето. Лекарите советуваат да се одржува редовно време за спиење и будење додека граѓаните се прилагодат на промената на времето.