
Нов начин на буџетирање ќе добијат националните установи, најави министерот за култура Зоран Љутков одговарајќи на новинарско прашање во однос на новитетите кои ќе следуваат следниот период од асепкт на културата. Сите директори на националните установи ќе имаат поголема афтономност во одлуките што ќе работат, затоа што министерството нема да ги селектира проектите туку од самиот почеток ќе се одобрат средства за да се овозможи процесот на работа.
„Ново во културата ќе биде прво начинот на буџетирање на националните установи, а тоа е делегираниот буџет, со тоа што самите директори и националните установи ќе имаат поголема афтономност во одлуките што ќе работат во текот на годината, но се разбира дека ќе имаат многу поголема одговорност за она што ќе го работат. Ние како министерство нема да ги селектираме проектите туку од старт ќе одобриме средства и понтаму ќе го евалуираме и мониторираме нивниот процес како се работи.“ – изјави Љутков
Министерот додава дека тоа е задачата на министерството и е многу попрактично да се прави во делот на фестивалите и капиталните инвестиции. Доекипирање на институциите ќе следува во 2025 година со стручен кадар бидејќи секаде се забележува недостаток на стручен кадар.
„Па се разбира дека во 25 година ќе мора да ги доекипираме институциите со струен кадар, бидејќи во сите институции недостасува стручен кадар и овде во Штип, состојбата е катастрофална, ќе се отворат нови работни места повеќе во техничкиот персонал отколку во уметничкиот кадар.“ – додава Љутков
Инаку министерот Љутков исткна дека состојбата во Штип е катастрофална, а ќе бидат отворени нови работни места во однос на техничкиот персонал отколку уметничкиот кадар.
Лаура Стојанова, М-Нет