Во Третата кошаркарска лига на Македонија учество ќе земат 23 екипи!

Во новата сезона од Третата кошаркарска лига на Македонија учество ќе земат 23 екипи. За новата сезона учество пријавија Тетекс од Тетово, Струмица, Феникс Баскет, Маџари, Гевгелија, Иба Баскет, Хераклеа, Баскет кам, Љуботен, Вардар, Дибра Иглс, Гостивар 2, Универзитет Тетово, Феникс Скопје, Младинец, Овче Поле, Ролинг од Струмица, Конзули, Куманово и Чаир.

Како и во Првата и Втората лига, така и во Третата лига најмногу екипи доаѓаат од Скопје.

Осум екипи доаѓаат од Скопје, од Струмица, Кочани Тетово и Битола доаѓаат по две екипи, а тоа значи дека во овие четири града ќе има Градско дерби, по една доаѓа од Кочани, Дебар, Гостивар, Свети Николе, Прилеп, Кавадарци и Куманово.

Во новата сезона неколку екипи пројавуваат амбиции за пласман во повисок ранг на натпреварување односно ќе водат борба за влез во Втората кошаркарска лига на Македонија.

Александар Ванев, М-Нет