Нов изглед со нови 1500 садници, канделабри и клупи ќе добие коритото на река Отиња во Штип

Нови над илјада и петстотини садници низводно покрај кејот на река Отиња, нискостеблести растенија, уредување, озеленување и целосно осветлување на просторот покрај коритото на тека Ориња во Штип. Проектот денеска го презентираше градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, кој истакна дека со работа ќе се започне во најбрз временски период, а годинава целосно треба да биде заврштен истиот.

“Во наредниот период ќе бидат засадени повеќе од 1.500 садници обезбедени од општествено одговорни компании со што штипјани ќе добијат зелена пешачка зона во центарот на градот. Овој проект вклучува и вградување на повеќе од 200 канделабри и стотина клупи кои ќе бидат поставени во кејот на река Отиња. Ова е еден од проектите кои денес го најавувам, а ќе се реализира во текот на оваа година“ – вели Јорданов.

Општина Штип нема финансиски издатоци кога е во прашање набавката на садници, бидејќи истите се донација од општествено одговорни компании. Садниците на ЈП Исар не одговараат за просторот, односно потребни се дрва со побрз раст и со соодветен корен и затоа не се користат тие.

„Во фаза на изработка е поставувањето на канделаборите за целосно осветлување на кејот на река Отиња, имајќи во предвид дека имаме постоечка инсталација истата ќе биде искористена само со додавање на дополнителни канделабри кои целосно ќе го осветлат кејот на река Отиња.“ – додава Јорданов.

Јорданов истакна дека во наредниот период освен уредување на коритотот на река Отиња ќе започне и проектот за изградба на катни гаражи во центарот на Штип.

Лаура Стојанова М-Нет