
Објавен огласот за вестивалот Весело штурче. Од денеска па до први март оваа година сите заинтересирани и талентирани дечиња ќе може да аплицираат на конкурсот во две категории. Потоа во периодот од 1 до 15 март ќе се одржи аудиција за децата, до 1 јуни се подготвува фестивалот со снимање во студиот, за во септември да се одржи традиционалниот фестивал Весело штурче.
„Од денеска официјално го објавуваме новиот конкурс за 2023 година. Има два вида на конкусри и тоа конкурси за автори и другиот конкурс е конккурс за учесници деца од 6 до 12 одини. Ќе биде исто како и мината година, со мали измени кои ќе бидат објавени на страната на весело штурче.“ – вели Стефановски.
Во изминатите четири месеца откако заврши минатогодишниото издание на вфестивалот Весело штруче, ученсниците се постојано ангажирани на разни манифестации како во Штип така и во државата со цел децата постојано да бидат со музиката.
„За овие четири месеци од крајот на септември не застана со работа фестивалот. Овој фестивал секојдневно ќе имаме случувања, настапи, децата да се едуцираат, да бидат постојано со музиката. Имавме доста настани во Штип и државата а имаме и детски производ, за фестивалот да биде бренд и да биде препознатлив“ – додава Стевановски.
На конкурсот може да аплицираат сите деца кои ги исполнуваат условите, а ќе се изберат 20 солисти, додека бројот на деца кои ќе бидат во детскиот хор на фестивалот е неограничен и ќе се знае по завршување на аудициите. Право да се пријават имаат и ланските солисти, но тенденција е да има нови деца, нови песни и фестивал кој ќе продолжи да се негува.
Лаура Стојанова М-Нет