Новогодишни пакетчиња добија првоодделечињата од населбата Баби во Штип, настанот се организира по четврти пат

Традиционално и оваа година, првоодделеничињата од населбата Баби во Штип добија новогодишни пакетчиња од Дедо Мраз. Четврти пат по ред, урбаната заедница Баби ја организираше оваа празнична акција во основното училиште „Славејко Арсов“, со цел се создаде празнична магија и кај дечињата. Настанот се одржа во текот на нивната настава, во весела и топла атмосфера. Организаторите истакнуваат дека ваквите активности се доказ за грижата и посветеноста кон најмладите. Повеќе за значењето на оваа традиција говореше претседателот на урбаната заедница Баби, Ангелко Ристов.

,,Четврта година по ред во пресрет на новогдишните и божиќни празници урбана заедница Баби традиционално организирање доделување на новогдишни пакетчиња на сите првооделенци во ОУ Славејко Арсов во нас. Баби. Со оваа сакаме да ја искажеме нашата загриженост и посветеност кон најмалите, кои се нашата најголема радост и инспирација во животот. Во оваа прилика сакам да ги честитам новогдишните празници на сите.“, рече Ристов

Дечињата од таму, со полни срца радост, за М-Нет телевизија соопштија колку се среќни и колку им е разубавен денот со присуството на Дедо Мраз.

Инаку, настанот има за цел да создаде многу насмевки, радост и новогдишна атмосфера за најмалите, со цел и тие среќно ја испратат старата 2025 година и со многу позитива се започне новата 2026 година.

Иван Митев, М-Нет