
Жешки цени и на сув студ на последниот пазар во Штип, граѓаните слабо купуваат пред Нова година. Кружат околу тезгите, прашуваат по два пати, се ценкаат, споредуваат цени и најчесто се одлучуваат да купат по пола кило, бидејќи пари ситно бројат до крајот на месецот. Велат ќе го зимаат најнеопходното, колку да има јадење за празничната трпеза. Најмногу бараа основните намирници, како марула, кромид, компир и зелка, а по слабо прашуваа за цената на домати и краставици.
Иако утринава побарувачката беше слаба, сепак продавачите триејки раце на студот, се надеваат дека до попладненвите часови ситуацијата ќе се подобри и тие предновогдишно ќе си заминат со очекуванта продажба.
Инаку, денес се продаваше и многу манадарини, киви, јаболка, банани, како и сушено овошје за сите оние кои што уште сега се припремаат за Бадник и за Божик. Се продаваше и костени под цена од 200 дененари за килограм, а оревот и денес држеше цена од 300 денари за килограм.
Иван Митев, М-Нет