
Нови животни и живеалишта ќе добие ЗОО паркот Бриони во Штип. Во следните денови е предвидено да се започне со работни активности со што паркот ќе добие сосема нов лик. Истовремено ќе се работи и на паркот Кртеќе, каде е предвидено да има авантуристички парк кои ќе понуди забава на најмладите.
,,Ова лето најмладите штипјани ќе имаат вистинско изненадување во паркот Бриони. Работиме на обнова и на нови содржини во ЗОО парк Бриони, за многу кратко овде ќе има продолжување на активностите за обнова на живеалиштата на животните, нови животни кои се предвидени да го збогатат овој парк. Верувам дека ите овие предвиденио активности ќе бидат едно позитивно освежување и изненадување за најмладите наши сограѓани и дополнително во паркот Кртеќе, паркот Бриони се започнува со активности за изградба на авантуристички пакр, кои што ќе биде едно вистинско изненадување за најмладите генерации, нешто што како содржина ретко кои градови на балканот ќе го имаат. Така да Штип ќе биде вистински центар, не само за најмладите, туку и за многу гости кои што ќе доагаат од страна.“, рече Јорданов
Ова место ќе биде вистинска атракција, но воедно и туристичка дестинација за многу посетители. Јорданов верува дека проектите за обновата на ЗОО парк Бриони и изградбата на авантуристичкиот парк во Кртеќе ќе придонесат за дополнително развивање на туристичката понуда на Штип.
Покрај новите животни и авантуристичкиот парк, проектот предвидува и целосно прилагодување на паркот за лицата со инвалидитет. Во ЗОО парк Бриони се поставени соодветни реквизити, како што е лулашка за лица со посебни потреби, со цел да се овозможи подеднаквено учество во активностите за сите посетители.
Иван Митев, М-Нет