Новиот суперлигаш Бисинов ја продолжува соработката со Манев и Митревски

ФОТО: Телевизија М Нет

Дебитантот во ракометната Суперлига за следната сезона екипата на Бисинов од Велес ја продолжу соработката со Никола Манев и Антонио Митревски.

Бисинов работи на ростерот за новата сезона од ракометната елита на Македонија, откако стана шампион во Првата ракометна лига без ниту еден пораз и со тоа за првпат ќе заигра во ракометната елита на Македонија.

Претходно, како што објави телевизија М Нет, Бисинов ја продолжи соработката со Филип Сиљанов и Илија Табаков, а беше претставен и Мартин Димов како прво засилување за предизвикот во Суперлигата кој ќе го има тимот на Бисинов.

Како што дознава телевизија М Нет Бисинов и понатаму работи на ростерот за новата сезона, се очекува уште неколку засилувања, а целта на Бисинов во дебитанската сезона во Суперлигата ќе биде опстанок.

Во новата сезона од Суперлигата ќе настапат 12 екипи, откако лигата беше драстично скратена со пет екипи.

Александар Ванев, М-Нет