Фудбалските прволигаши и второлигаши активни на трансфер пазарот, активни и ракометните клубови!

ФОТО: Телевизија М Нет

Трансфери во Првата македонска фудбалска лига

Македонските прволигаши активно работат на ростерите за новата сезона, дел од нив веќе ги „запали моторите“ и се подготвуваат за новата сезона, пред се екипите кои ќе настапуваат во Европа.

Тиквеш, Шкендија и Струга кои ќе бидат претставници во Европа веќе десеттина дена се во активен тренажен процес, а дополнително се договорени и пријателски натпревари преку кои ќе ја темпираат формата за што веќе објави телевизија М Нет.

Беса гради конкурентен тим најавите на телевизија М Нет добиваат на потврда, па така, Горан Силјановски, Костадин Захов, Меџит Незири, Башким Велија и Адаме Самаке ќе бидат нови играчи на дебитантот во Првата лига.

Екипата на Гостивар се засили со Дарко Глишиќ, а пред потпис е и Костадин Чешмеџиев.

Второлигашите работат на ростерите за новата сезона

Македонските второлигаши се уште се на заслужен одмор, но веќе ги кројат тимовите за новата сезона. Иван Варадиновски останува на тренерското столче во Детонит Плачковица, за што објави телевизија М Нет, а радовишкиот тим веќе разговара за неколку нови засилувања по успешната сезона.

Вардарски кој се врати во Втората лига после 27 години го промовираше Васе Беќаров како нов шеф на стручниот штаб, веќе се вршат и санации на Градскиот стадион во Богданци, а раководстовото работи и на неколку засилувања кои треба да пристигнат во Богданци.

Беласица преку промоцијата на млади играчи минатата сезона за новата сезона ќе има амбиции да ги напаѓа местата за Прва лига, па струмичкиот второлигаш веќе работи на ангажирање на три до четири квалитетни прволигашки засилувања.

Брегалница од ден во ден губи по еден играч. Странците немаат право на настап во Втората лига, па така тие ќе се заминат од Штип, но заминуваат и македонски игра. По заминување на Михаил Маневски и Ѓорѓи Ѓорѓиев од екипата заминува и Горан Силјановски, кој кариерата ќе ја продолжи во Беса.

Трансфер пазарот кај македонските ракометни екипи

На трансфер пазарот активни се ракометните клубови, па така Еурофарм Пелистер 2 кој испадна од Суперлигата по поразот од Радовиш ќе го задржи речиси целиот тим и ќе работи активно на експресно враќање во Суперлигата, дебитантот во ракометната елита екипата на Бисинов ја продолжи соработката со Филип Сиљанов и Илија Табаков. Екипата на Бисинов исто така работи и на враќање на некои од поискусните велешани. Мартин Димов е првото засилување на Бисинов.

Како што објави телевизија М Нет Дарио Кофилоски е нов играч на Тиквеш, додека пак Радовиш веќе започнува да работи на буџетот за новата сезона по враќањето во Суперлигата и со тоа ќе започне да го крои ростерот за новата сезона.

Александар Ванев, М-Нет