Новиот второлигаш Вардарски од Богданци промовираше осум нови засилувања

ФОТО: Телевизија М Нет

Екипата на Вардарски од Богданци после 27 години се врати во Втората македонска фудбалска лига, а за новата сезона промовираше дури осум нови играчи.

Второлигашот од градот од јужниот дел на Македонија го промовираше Никола Стојков, играч од среден ред роден 2005 година, а доаѓа од Работнички, од каде доаѓа и Дамјан Зенговски кој игра на позицијата бек, а е роден исто така 2005 година.

Милош Спасовски е млад фудбалер, роден 2007 година, доаѓа од скопски Вардар и ќе ја засили одбраната. Од Тиквеш доаѓа Бојан Мемов роден 2003 година, крилен напаѓач, од Беласица е промовиран Ристе Миленковиќ, бек роден 2005 година.

Вардарски на голманската позиција се засили со Давид Дранго роден 2003 година, а доаѓа од Пелистер. Павел Николовски е нов играч во одбраната на Вардарски, роден 2005 година а доаѓа од Работнички.

Филип Радевски е офанзивен везен играч кој е роден 2005 година, а доаѓа од Вардар.

Екипата на Вардарски со овие млади засилувања ќе атакува на сигурен опстанок во Втората лига, екипа која после долги години се враќа во Втората лига, а Вардарски една година беше и прволигаш, во првата сезона од фудбалската елита на Македонија.

Александар Ванев, М-Нет