Нови социјална зграда ќе се градат во Штип и Прилеп најави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, кој денеска беше во посета на Кочани. Новата социјална зграда во Штип треба да обезбеди дом за околу 50 семејства, а наскоро треба да започне и постапката за избор на изведувач на зградата. Новата зграда во Штип треба да се изгради во рок од 24 месеци.
„Очекуваме во текот на оваа година да започне реализацијата и во Штип и во Прилеп. Што значи дека државата води грижа за ранливите категории на граѓани. Овие станбени згради се реализираат со цел да помогнеме на граѓаните, на семејствата и кога станува збор за оваа политика, навистина сметам дека направивме голем исчекор“.

„Зоран Георгиев директор на ЈП за станбен и деловен простор истакна „Во Штип се работи за околу 2.900 метри квадратни, исто и во Прилеп е толкава зградата. Значи тука се некаде околу 50 тина станбени единици. Доколку се оди по ред треба сите градби да се отворат до крајот на 2024 година, со рок на изградба од 24 месеци. Така да до крајот на 2025 година треба да имаме реално“
Во изминатиот период стабеното прашање го решеа семејства од социјален ризик од девет градови, а наскоро дом ќе добијат и семејства од Кочани изјави Благој Бочварски.
„Во минатото можеби, во текот на еден мандат на една Влада се граделе и се распредлувале една до две социјални згради. Ние успеавме во последните четири години да изградиме и да распределиме девет вакви социјални згради, во девет градови. Каде што еве можам да ги споменам само во Пробиштип, Виница, Свети Николе, Гевгелија, Неготино, Демир Капија, Струмица, Гостивар, Македонски Брод се оние згради, кои ги изградивме и ги распределивме. Секако во наредниот период следува распределба на уште една станбена зграда овде во Кочани, којашто е изградена и има технички прием. Во Велес, при крај е изградбата на социјалната зграда, којашто е и најголема во Скопје,“
Инаку изминатиот период во источниот регион станбеното прашање го решија семејства од Пробиштип, Свети Николе, а наскоро ќе се доделат и во Кочани.