Николовски: Домашното производство да заврши во домашните преработувачки капацитети

Домашното производство да заврши во домашните преработувачки капацитети, а земјоделците да продолжат да ги обработуваат нивите, но и да ја добијат заслужената цена за производите беше главна цел на Министерот за земјоделие, Љупчо Николовски кој беше во посета на Свети Николе. Од нивата на земјоделецот Славче Костев каде се жнееше јачменот, Николовски истакна дека се поддржуваат земјоделците за купување на вештачко ѓубриво, а се воведува и нова мтивациска мерка.

„Даваме и дополнителна поддршка како нова мерка од 100 евра по хектар за зголемен принос на житни култури како мотивациска и развојна мерка на земјоделците кои истото ќе го предадат во домашни преработувачки капациети.

Цената на јачменот оваа година е 17 денари, што е исплатливо и за самите земјоделци.

„Приносите на јачмен ќе ги поминеме, ќе ја фатиме новата мерка која е 100 евра, квлаитетот на јачемнот е добар за разлика од минатата година. Имаме цена на јачмен што до сега не сме ја имале“

Помош ќе има и за есенската сеидба, истакна Николовски. Тој додаде дека се очекува производство на 140 илјади тони јачмен и над 255 илјади тони на пченица.

Лаура Стојанова М-Нет