
Од денеска официјално е заокружен процесот на пречистителната станица за отпадна вода во село Мојанци, која функционира во склоп на КЈП Водовод од Кочани. Процесот е всушност од сламата од оризовите полиња па се до компуст кој се користи како квалитетно органско ѓубриво за прехрана на земјоделските површини
„ Набавена е и машина која што ќе го изврши пакувањето на компустот. А и поддршката која ни ја даваше сите овие години наназад. За да се спроведат процесите на станицата и да се произведе квалитетно органско ѓубре.„ вели Стоилкова
Во моментот во општина Зрновци се работи на реконтрукција на водоводната мрежа. А во едно започнува и промената на секундардната водоводна мрежа на ул „Илинденска“ и “Генерал Апостолски“ посочи Коцев
„Конечно после после неколку децении ќе обезбедиме доволно количество на вода за домаќинствата. Во едно се започнува и промена на секундарна мрежа во должина од 800 метри, на ул. „Илинденска„ и „Генерал Апостолски“ вели Коцев
Во оваа прилика градоначалникот Коцев апелираше до сите учесници во сообраќајот да внимаваат при возењето на регионалниот пат Зрновци-Мородвис. Со што ќе се овозможи брзо и навремено реализирање на започнатите градежни работи.
Лаура Стојанова, М-Нет