
Ништо од договорот на оризопроизводителите и Владата. Здравко Арсов преставник на оризопроизводителите од село Облешево во телефонски разговор за М-Нет телевизија истакна дека првичните негови информации се дека не се прифаќа барањето цената на оризовата арпа да се биде над 25 денари. Вели неофицијално засега, но ако Владата не прифати и тие не се откажуваат. Ќе продолжат протестите со блокада на патот Кочани Штип.
„Неофицијално е дека тие не сакале ни да слушнат за тоа, од 17 до 20 денари. Од 25 денари ни цент нема да попуштиме, производната цена ни е 20 – 21 денар, па ние од што да живееме, па и ние сме живи луѓе, и ние сакаме да платиме струја, и ние имаме деца во училиште“ – исакна Здравко Арсов
За тоа дали ќе гласаат на претсојните избори или не Арсов посочи дека е релевантна работа и дека дополнително ќе се договорат оризопроиводителите, а одлуката ќе биде навреемно истакната во јавноста. Наредниот протес тој посочи дека е можно да се организира за во недела или втроник.
Оризопроизводителите од кочасно пред почетокот на новата жетва бараа цената на оризовата арпа да порасне. Првично преку протести си ги бараа правата, а потоа беа примени на средба со Премиерот Зоран Заев. Тие во вторникот исткнаа дека разговорот поминал добро, но денеска одлуката не ги задоволува нивните барања.
Лаура Стојанова М-Нет