Завршена првата фаза од надворешна реконструкција на зградата на Инфективниот оддел во Штип

Завршена првата фаза од реконструкција на надворешниот дел на зградата на Инфетивното одделение во Штип. Во преотот се предвидуваше поставување на енергетско ефикасна фасада, промена на прозори и врати и дел од надворешното осветлување, и истите се завршени. Прокетот е во меѓугранична соработка со Република Бугарија. Во меѓувреме директорот на болницата, доктор Ален Георгијев истакна дека ќе продолжат и со внатрешно уредување на Инфективниот оддел.

„Успеавме да ги фатиме некако роковите да ја завршиме оваа фаза со што зградата на Инфективниот оддел доби нов лик. Не застануваме овде, ќе аплицираме и на следните повици каде што треба да направиме реконструкција на внатрешноста на зградата со цел после одреден временски период комплетно ја санираме зградата“ – истакна Георгијев.

Истовремено при крај е проектот за поставување на современ протипожзарен апарат, со што кога ќе се вратат пациентите ќе има подобар амбиент  за нив и подобри услови за работа за персоналот, додаде Георгијев.  

Вкупната вредност на проектот е некаде околу 400 илјди евра, од кои повеќе од 200 илјади евра беа предвидени за делумна реконструкција на зградата на Инфективниот оддел во Штип.

Лаура Стојанова М-Нет