
Сѐ уште неизвесно кој ќе седне во директорската фотелја на штипската гимназија. Откако во петокот се спроведе интевјуто со двајцата кандидати кои ги исполнуваат условите да седнат на чело на ова средно училиште, одлука сѐ уште нема. Градоначалникот, Иван Јорданов, истакна дека од страна на Училишниот одобор нема добиено предлог, а кога ќе го добие веднаш ќе се именува новиот директор на гимназијата Славчо Стојменски. Тамер Јамаковски или Марјан Арсов, Јорданов вели ќе се почитува одлуката на училишниот одобор.
„Па добро сѐ уште го немам добиено предлогот од страна на училишниот одбор. Веднаш штом го добијам со оглед на тоа што има законски предвидени временски рокови ќе бидат испочитувани. Во наредните денови веднаш штом го добиоја предлогот од одборот ќе биде именуван новиот директор на гимназијата Славчо Стојменски. Сепак, ќе биде испочитувана одлуката на Училишниот одбор и ќе биде назначен новиот директор“ – вели Јорданов.
Според законско предвидените рокови новиот директор на штипската гимназија Славчо Стојменски треба да биде познат најдоцна до почетокот на месец февруари оваа година, односно до овој период треба да биде именуван. Во меѓувреме Гимназијата работи непречено, бидејќи, како што истакна Јорданов, сегашната в.д. директорка непречено ги извршува своите задачи.
„Седум дена имаат законски временски рок да биде доставен до мене како градоначалник предлогот на училишниот одбор, а во временски рок од 15 дена јас како градоначалник имам законска обврска да го именувам новиот директор на гимназијата. Веќе има в.д. директор којшто како и досега така и во овој период ја обавува оваа функција, така да гимназијата функционира најнормално.“ – додава Јорданов.
Председателот на Училишниот одобор на средното училиште „Славчо Стојменски“ истакна дека во тек е средување на документацијата за предлогот кој ќе се достави до градоначалникот Јорданов. Најдоцна до петок истакна дека предлогот кој да седне во директорската фотелја ќе биде доставен до првиот човек на Општина Штип.
Во трка за директорската позиција се Тамер Јамаковски, кој и претходно беше на оваа функција и Марјан Арсов, единствените кои ги исполнуваат условите односно имаат положено и менаџерски испит.
Лаура Стојанова М-Нет