На наркодилерот Цуната, којшто се поврзува и со Пулс, инаку близок до ВМРО и Миле Лефков, вчера му отворија прозор во полициска станица а денеска му ја кренаа рампата на граница да избега, реагираат од СДСМ.
„Исто сценарио на ВМРО, веќе видено неколкупати.
Сега откако го пуштија, МВР распишало потерница, каков блам, каков театар.
Затоа Панче Тошковски не се менува, за да ги штити криминалците на власта“.
Ова, според опозициската партија, не е обичен пропуст туку сериозен безбедносен скандал што отвора сомнежи за сериозни злоупотреби и ја потврдува спрегата на ВМРО со криминални структури.
СДСМ бара одговорност и оставка од Тошковски па до сите инволвирани во овој скандал.
„Истиот Тошковски во чиј мандат поминаа пет тони дрога преку македонската граница без одговорност. Истиот Тошковски кој ветуваше „брат да ми е, ќе одговара“, а денес наркодилери бегаат од полициски станици и намерно се пуштаат преку граница за никој од власта да не одговара.
Панче – оставка“.
Текстот „Наркодилерот Цуната е пуштен да избега“: СДСМ бара оставка од Тошковски е превземен од МАКФАКС.