Нанесен вториот асфалтен слој на кружниот тек кај Порта Пролет во Штип, општината продолжува и понатаму со своите активности

Денес се нанесе вториот асфалтен слој на кружниот тек на ул. Генерал Михајло Апостолски, кај порта пролет во Штип. Во наредните денови ќе се постават и предвидените канделабри за целосно осветлување и одбележување на потребната сообраќајна сигнализација истака градоначалникот на општината Иван Јорданов и додава дека со ваквата реализација ќе се овозможи поголема прегледност и безбедност за сите учесници во сообраќајот.

“Денес се работи на сообраќајното решение на кружниот тек кај паркот Кртеќе. Се нанесува вториот асфалтен слој и очекувам во текот на денот да биде завршена оваа позиција, а во наредните денови да се постават предвидените канделабри за целосно осветлување и одбележување на потребната сообраќајна сигнализација, со што ќе се овозможи по безбеден сообраќај на овој дел од градот и сите учесници во сообраќајот да имаат поголема прегледност и безбедност. Некаде околу 10 милиони денари се инвестирани од буџетот на општината за ова реализирање на ова решение, кое што води пристап до клиничќката болница и околните места од овој дел од градот.”, истакна Јорданов

По завршувањето со активностите на кружниот тек, се предвидени работни активности за изградба на конзоли на реката Отиња, но и проширување на потегот од трговскиот центар до плоштадот Слобода, додава Јорданов

“По завршувањето на овие активности во централното градско подрачје се предвидени продолжување со активностите за изградба на козули на река отиња, на потегот од трговскиот центар кај мостот кај основиот суд до плоштадот слобода со што ќе дојде до проширување на сообраќајницата маршал тито“,додава Јорданов

Оваа есен општината продолжува со реализација на програмата за уредување на градежно земјиште, со реконструкција, рехабилитација на патни правци и подобрување на инфраструктурата.

Лаура Стојанова, М-Нет