
Паркинг простор на местото на лимените гаражи во Штип. Имено, откако беа отстранети постоечките лимени гаражи, просторот ќе се урбанизира, а тамошните жители ќе добијат нови паркинг места. Денес се работеше во населбата Осми Ноември, а ваква градежна офанзива ќе има во сите населби каде се отстранети лимените гаражи. Според градоначалникот Јорданов, населбите ќе добијат подобар изглед, но и решавање на проблемот со паркирањето.
„Знаете дека на овој простор постоечките лимени гаражи беа отстранети, затоа почнавме со проект за урбанизирање на овој дел, односно за асфалтирање на просторот и предвидување на паркинг места за жителите во околните згради. Ова е почеток на една градежна офанзива којашто ќе следува во наредниот период, кога ќе се стави асфалтот на оваа површина којашто ја уредуваме со земја и наноси на тампон“, истакна Јорданов.
Во следните месеци вакви паркинг места ќе добијат и жителите на населбите Автокоманда и Сењак. Во населбата Осми Ноември ќе бидат на пет локации со вкупна површина од нешто повеќе од 2000 м2. Проектот за урбанизирање на овој дел е во вредност од над 3.000.000 милиони денари, пари обезбедени од буџетот на Општина Штип.
Ребека Спасова М-Нет