
Намелениот број на вработени во текстилниот сектор заради корона кризата проблем за компаниите. Имено, изминативе две години текстилните компании заради корона кризата имаа намален обелм на работа со што го намаија и бројот на враоботени. Но олесунувањето на ковид мерките ги става пред нов предизвик. Странските партнери повторно ги бараат македонските производи, а тие не можат да одговоарт на барањето во целост.
„Заживеа побарувачката на текстилни производи во Европа, нашиот најголем трговски партнер е Германија и другите земји од Европа и во последниве денови имаме многу голема побарувачка за наши производи, но никој во Македонија не може да ги задоволи тие нови барања. Постојано доаѓаат некои нови фирми, но нашите капацитети се намалени, бидејќи заради короната во Македонија многу се намали бројот на работници во текстилните компании. Сега прашањето е колку нашите партнери можат да ги покачат нашите цени за да ги покриеме трошоците“ – вели Димитров.
Димитров вели дека се прават преговори со странските партнери за да може да се исплатат минималните плати на вработените во државата. Негативните ефекти од сегашното покачување на минималната плата без продуктивност, Димитров тврди дека праксата ќе го покаже. Освен платата на вработените дополнителен проблем е и зголемувањето на цената на електричната енергија.
Од почетокот на пандемијата од текстилниот сектор без работа останаа околу седум илјади вработени. Оваа индустрија е извозно ориентирана и пред пандемијата имаше околу 1100 текстилни компании кои вработуваа околу 35 илјади луѓе.
Лаура Стојанова М-Нет