
Прекин на образованието, склучување на малолетнички бракови пред се кај девојчињата од Ромската етничка заедница е честа појава и денеска. Причините, последиците и стратегиите за ублажување на раните детски бракови како и обезбедување на поголема правна и институционална заштита беше основната тема на дискусија на денешната панел дискусија организирана во Општина Штип. Релевантни надлежни институции како преставници од образование, полиција, Суд и центарот за социјална работа заеднички преку свои мислења зборууваа за начинот на кој да се намали оваа појава на склучување на рани детски бракови.
„Ние веќе подолго време работиме на оваа тематика и можам да кажам дека ова што го работиме, релевантни инстиуции даваат свое мислење зошто е прекинот на образованието пред се кај девојчињата од Ромската етничка заедница, како и на кој начин постапува полицијата во вакви случаи“ – вели Адемов.
На настанот присуствуваа и преставници од основните и средни училишта, бидејќи и тие се на листата засегнат страни кога е во прашање организирање на малолетнички ран детски брак. Родителите исто така имаа можност да слушнат за поставеноста на овие бракови, како и нивно намалување во општеството.
Освен тема за малолетнички бракови претходно на панел дискусија се разговараше и за превенција од трговија со луѓе.
Лаура Стојанова М-Нет