
Намелениот број на судии и судска служба и понатаму еден од главните проблеми со кои се соочува Основниот Суд во Штип. Од потребни 19 судии раполага со 13 од една страна, ама од друга страна судот бележи успешност во работата затоа што минатата гоидна се примени 10% повеќе предмети, а решение се над 5% споредбено со 2021 година. Во судската служба од предвидени 120 вработени, моментално се потполнети 72 места.
„Во текот на 2022 година тројца судии од Основен Суд Штип заминаа во пензија, што значи дека колегите кои останаа да работат на предметите го совладаа приливот на предмети и се ефикасни. Секој судија дава и решава предмети над орентационата норма која е пропишана“ – вели Андонов.
Претседателот на Основен Суд Штип, вели дека изминатата година согласно препораките се штедело и електирчна енергија, заштедата е голема, и тој е задоволен од посветената работа на вработените во оваа институција.
„Намалувањето на бројот на стари предмети годината 2022 започна со 175 предмети, а ја заврши со бројка од 128 предемти. Сѐ ова е постигнато со значителен напор и работа на сите вработени, за што изразува голема благодарност.
Андонов истакна дека во текот на 2022 година, добиен и инсталиран е новиот сервер, а со донација од ОБСЕ опремена е една судница со опрема за видео и аудио тонски снимања како пилот проект за судење на далечина, за што во тек е набавка на лиценци за софтверот за аудио и видео снимање на рочиштата. Предуслов за имплементација на далечинските судења се и потребните законски измени во Законот за кривичната постапка, кои се во постапка.
-Во зградата постојат три судници, кое нешто е неспорно недоволно, па во тек е адаптација на една просторија во нова, четврта судница. Функционалноста на одделението во Пробиштип е од значење за ефикасност во постапувањето и е во функција на граѓаните на општина Пробиштип, па за таа цел, откако претходно се приклучи интернет конекција, со цел достава и испраќање на писмена по електронски пат од тоа одделение во 2022 година се овозможи и користење на АКМИС, а во 2023 во план е реализација на реконструкција на просториите во Одделението во Пробиштип, со што би се добиле нови и соодветни просторни услови за достојно функционирање на одделението, вели Андонов.
Продолжува напливот на предмети од работни спорови, а најмногу имаат пристигнато тужби од вработени во Минстерство за внатрешни работи и одбрана. Вакви тужби им пристигнуваат од територија на цела држава.
Лаура Стојанова М-Нет